Елмас со порака до навачите: Едвај чекам да се видиме на стадион (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас денеска изненадувачки го комплетираше трансферот во Аталанта и тоа ќе биде негов трет клуб во Италија.

Елмас како и претходната сезона во Наполи ќе настапува како позајмен фудбалер од Лајпциг и ќе се обиде да ја врати старата форма.

„Здраво почитувани фанови на Аталанта. Јас сум Елиф Елмас. Среќен сум што сум тука. Со нетрпение чекам да се видиме на стадион. Напред Аталанта“, кратко порача македонскиот репрезентативец по потписот.

Покрај Наполи и Аталанта, Елмас во Италија беше дел и од Торино.