Пешиќ за првпат откри: Малку фалеше да заиграм за Работнички (ВИДЕО)

Големиот кошаркарски стратег, Светислав Пешиќ се приклучи кон одбележувањето на 80-годишнината од формирањето на Работнички, а во оваа прилика и откри дека малку недостасувала да го облече дресот на еден од нашите најголеми клубови.

Поранешниот селектор на српската репрезентација во видеото открива детали од својата играчка кариера во која еден од поинтересните моменти е можноста да заигра за Работнички каде што бил повикан од македонската легенда, Лазар Лечиќ.

„Малку требаше и малкумина знаат дека требаше да станам играч на Работнички. Во времето додека настапував за Пирот во Втора лига исток, исто како и Работнички. Легендарниот Лазар Лечиќ ме повика во Скопје, ми покажа каде ќе живеам и ми вети дека сигурно ќе завршам Економски факултет. Секогаш се прашував зошто мене ме вика кога ги има најдобрите кошаркари на надворешните позиции. Можеби затоа се свртев кон Белград и заминав во Партизан“, открива Пешиќ.

Според неговата биографија станува збор за период од 1967 година кога легендарниот кошаркар и тренер се пресели од Пирот во Партизан. Во белградскиот клуб помина четири сезони, а потоа уште осум во Босна со која во 1979 година стана европски шампион и ја заврши кариерата.

Фото: FC Bayern Basketball/X