Разочарувачки настап на пливачите во Таранто - двајца последни, еден блиску до дното!
Нашите натпреварувачи беа блиску до дното или на самото дно на трките кои се одиграа денеска. Сара Јанковиќ заврши на десеттото последно место со време од 4:34.83 со што беше послаба за 17.89 од победничката во втората група.
Последен заврши и Огнен Славковски во истата дисциплина во машка конкуренција со време од 4:04.37 минути.
Единствен кој не беше последен денеска во својата група беше Јован Јанковски кој делницата од 50 метри ја исплива за 24.86 секунди и го освои 17-тото место од 20 натпреварувачи.