Пешиќ за првпат откри: Малку фалеше да заиграм за Работнички (ВИДЕО)
Поранешниот селектор на српската репрезентација во видеото открива детали од својата играчка кариера во која еден од поинтересните моменти е можноста да заигра за Работнички каде што бил повикан од македонската легенда, Лазар Лечиќ.
„Малку требаше и малкумина знаат дека требаше да станам играч на Работнички. Во времето додека настапував за Пирот во Втора лига исток, исто како и Работнички. Легендарниот Лазар Лечиќ ме повика во Скопје, ми покажа каде ќе живеам и ми вети дека сигурно ќе завршам Економски факултет. Секогаш се прашував зошто мене ме вика кога ги има најдобрите кошаркари на надворешните позиции. Можеби затоа се свртев кон Белград и заминав во Партизан“, открива Пешиќ.
Според неговата биографија станува збор за период од 1967 година кога легендарниот кошаркар и тренер се пресели од Пирот во Партизан. Во белградскиот клуб помина четири сезони, а потоа уште осум во Босна со која во 1979 година стана европски шампион и ја заврши кариерата.
Фото: FC Bayern Basketball/X