Струга ја зацврстува одбраната, доведе дефанзивци од Албанија и Швајцарија

Maкедонскиот фудбалски прволигаш, екипата на Струга Трим Лум денеска промовираше две засилувања.

Но член на стружани е централниот дефанзивец, Едисон Кола кoj има 25 години и пристигнува како слободен играч, а последниот ангажман го имаше во албанското првенство во редовите на Тирана. Претходно настапуваше за грчките клубови: АЕ Лариса, Гиочутас, ОФ Лерапетра и Ерготелис.

Второ засилување е 20-годишниот Блерон Рамадани кој игра како лев бек и пристигнува од Швајцарија каде што беше дел и од школата на Цирих.