Кошмарен старт за сезоната на Јунајтед: Загубија од новиот премиерлигаш! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед катастрофално ја почна сезоната во која влезе со многу оптимизам откако минатата со Керик на клупата се вратија во Лигата на шампионите.

Денеска во првото коло од Премиер лигата „црвените ѓаволи“ ги разочараа своите навивачи со пораз на гостински терен од Хал со 2-0. Новајлијата во Премиер лигата одигра солиден натпревар, посебно во првото полувреме кога ги постигна двата погодоци.

Резултатот го отвори Ајви по 17 минути игра, додека во 38-та Менди вторпат ја погоди мрежата на Леменс. Покрај двата погодоци, Хал создаде и уште некоја прилика во која чуварто на мрежата на „ѓаволите“ се истакнаа со интервенции.

Второто полувреме донесе теренска иницијатива на избраниците на Мајкл Керик, имаа многу поголем посед на топка, создадоа и добри прилики, меѓутоа реализацијата изостана, па мораа да се помират со поразот.

За Хал овој триумф беше и прв во најсилната англиска лига во десет натпревари откако Премиер лигата се игра во ваков формат.

Ќе потсетиме, сезоната беше отворена вчера со триумфот на Арсенал над Ковентри со 3-0.