Ракометарките се распаднаа во второто полувреме и загубија од Грција

Македонската женска ракометна репрезентација претрпе пораз на Медитеранските игри во првиот натпревар против Грција со 25-31.

Нашите ракометарки одиграа одлично прво полувреме во кое беа подобар противник, меѓутоа во вториот дел како да загубија сили, а Грција тоа знаеше да го искористи и дојде целиот плен.

По почетното водство на Грција од 3-1 на стартот, Македонија полека ја презема контролата и до крајот на паузата поведе и со највисоки 14-9.

Сепак, ниту тоа не беше доволно бидејќи во вториот дел работите тргнаа во поинаква насока, Грција како што одминјуваше времето ја топеше разликата за на крајот да слави и со шест гола разалика.

Најефикасна во нашите редови беше капитенката Леона Миленкоска која средбата ја заврши со десет постигнати гола од 12 обиди.