Како „гром од ведро небо“: Елмас има нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сосема изненадувачки потпиша договор со екипата на Аталанта, иако во претходниот период не се поврзуваше со оваа екипа.

Како можни дестинации за Елмас се споменуваа повеќе клубови, меѓутоа Аталанта не беше помеѓу нив.

Сепак, многу брзо директорот Џунтоли реагирал на барањата на Маурицио Сари и договорот бил завршен за само 24 часа, така за Елмас ова е враќање во Италија каде што претходно го носеше дресот на Торино и Наполи.

Во Аталанта, Елмас како и минатата сезона во Наполи ќе настапува како позајмен фудбалер.