Ѕверски убиен боксерскиот шампион кој влезе во Гинисовата книга за - најбрз нокаут!
Тој вчера вечер пристигнал пред својот дом и со автомобилот чекал да му се отвори влезната врата. Во тој момент од друго возило излегле двајца маскирани и вооружени напаѓачи, кои отвориле оган кон неговиот автомобил. Со него во возилото била и 27-годишна жена, која била погодена повеќе пати и итно пренесена во болница. Боксерот се обидел да избега, успевајќи со автомобилот да влезе во дворот, но претрпел смртоносни повреди. Напаѓачите побегнале од местото на злосторството, а полицијата трага по нив.
Тете беше еден од најуспешните јужноафрикански боксери. Во 2014 година ја освои светската титула во супермува категорија според ИБФ, откако го совлада Теира Киношита. Во професионалната кариера забележа 29 победи, од кои дури 22 со нокаут, четири порази и еден меч без одлука. Во историјата на боксот ќе остане запаметен и по тоа што влезе во Гинисовата книга на рекорди откако го забележа најбрзиот нокаут во историјата во борба за светска титула. Тој во ноември 2017 година во Белфаст го нокаутираше Сибонисо Гоња за само 11 секунди во борбата за ВБО-титулата. Противникот беше соборен уште со првиот удар – десен кроше по само шест секунди борба.