Не му требаше многу: Роналдо мајсторски погоди во првиот натпревар сезонава (ВИДЕО)

Aл-Наср на најдобар можен начин тргна во одбрана на титулата во Саудиска Арабија откако денеска во второто коло ја запиша втората победа и тоа беше убедлив триумф од 4-0 против Ал Ријад.

Овој натпревар беше прв за Кристијано Роналдо кој веднаш се запиша и во листата на стрелци. Португалецот стави точка со погодокот во 83-тата минута и така дојде до бројката од 977 гола во кариерата.

Претходно во листата на стрелци се запишаа Ал Амри, Анџело и Жоао Феликс.

Фото: AlNassr Saudi Club