Синер го откажа настапот на Ју-Ес Опен!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи на последниот гренслем-турнир во сезоната, Ју-Ес Опен, а информацијата ја потврди преку социјалните мрежи.

Синер објави дека не може да настапи во Њујорк затоа што уште има проблеми со десното колено.

„Иако напорно работев со својот тим и медицинскиот персонал, сепак моравме да донесеме тешка одлука и оваа година нема да настапам на Ју-Ес Опен. Сè уште имам проблеми со десното колено. Разочаран сум и тажен, зашто Њујорк има посебно место во моето срце“, објави Синер.