Нено се враќа, Рајт дебитира: Македонија со најсилниот состав ќе ја нападне Виена!
Првичниот поглед потврдува дека шпанскиот стратег на располагање ќе го има буквално најдоброто од Македонија, со исклучок на повредениот Андреј Магдевски и рековалесцентот Андреј Маслинко. Во тимот по подолго време се враќа Ненад Димитријевиќ, од неодамна нов член на солунски ПАОК, деби се очекува да има евролигашкиот центар, Мозес Рајт, кој сезонава ќе игра за Олимпија Милано, а тука е и Андреј Јакимовски, преводникот на националниот тим во последните години. Во составот се враќаат Андреј Мекиќ и Лејсон Зеќири, како и Кристијан Николов, најмладиот македонски репрезентативец во историјата, а ќе играат и ветераните Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски.
Македонија во оваа репрезентативна акција ќе одигра само еден натпревар – на 30 август ќе гостува кај Австрија во Виена, во рамките на првото коло од групата „Ф“ во втората фаза од претквалификациите за ЕП 2029. Подготовките на националниот тим ќе се одржат во Скопје и ќе започнат на 24 август (понеделник) во салата „Борис Трајковски“ (17.30) часот.
СПИСОКОТ КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ОД БЕРОКАЛ: Ненад Димитријевиќ, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Војдан Стојановски, Лука Стојановски, Адем Мекиќ, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Лејсон Зеќири, Валмир Какруки, Резарт Мемед, Тома Стојаноски, Петар Бошалески, Кристијан Николов, Мозес Рајт.