Червар: Имаме големи амбиции, Пелистер мора да има свој идентитет!

Поранешниот македонски шампион Пелистер наскоро почнува со предизвиците во новата сезона, а тренерот Лино Червар ги сподели своите очекувања.

Червар кажа дека имаат уште многу работа во битолската екипа, а главна цел е тимот да добие свој идентитет и со препознатлива игра да стигне до посакуваната цел.

„Чест ми е што сум тука, да го тренирам Пелистер. Мило ми е што сум во мојата втора татковина. Јас сум многу амбициозен и ќе дадам сè од себе за Пелистер да биде компетентен, поинаку ќе работиме од минатото. Ќе биде ова Пелистер кој ќе има имиџ и свој идентитет. Секој од нас мора да даде сè од себе. Јас како тренер треба да бидам пример и да се борам, да направам што можам за Пелистер да биде одличен на теренот. Најважно е ракометарите да имаат идеја за играта, пред нас е многу работа, а немаме многу време“, кажа Червар.

Пелистер ќе се соочи против Партизан в недела, 23 август, од 18 часот во Битола.

Фото: РК Пелистер