Ливаковиќ прави трансфер на кариерата: Ќе брани за Барселона, но од следната сезона!?

Барселона постигнала договор за трансфер на хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ од Фенербахче, а за неговиот потпис каталонскиот гигнат ќе плати два милиони евра фиксно плус дополнително два милиони преку бонуси.

Планот на Барселона е Ливаковиќ да пристигне во клубот следното лето кога се очекува да замине Војчех Шчесни, по што Хрватот ќе ја преземе улогата на резервен голман зад Жоан Гарсија.

Каталонскиот гигант планира да го испрати на позајмица за сезоната 2026/27, со цел да продолжи да брани и потоа да пристигне во Барселона во добра натпреварувачка форма.

Претходните денови се шпекулираше дека Ливаковиќ ќе замине на позајмица во Динамо Загреб, но хрватскиот тим ја отфрли идејата зашто барале долгорочно решение меѓу стативите.

Фото: www.fenerbahce.org