Српски фудбалер уапсен во Португалија - пренесувал 1,5 тона кокаин и оружје!
Вредноста на запленетата дрога се проценува на над 70 милиони евра, а португалските медиуми објавуваат дека кокаинот бил во сопственост на таканаречениот Балкански картел. Милошевиќ, според информациите од Португалија, бил запрен на автопат во рамките на полициска акција насочена кон криминална организација која се занимавала со големи пратки кокаин. Покрај огромната количина дрога, полицајците во комбето пронашле и две парчиња воено оружје, подготвени за употреба.
Апсењето на 31-годишниот Србин е дел од поширока заедничка истрага на португалската и шпанската полиција. Само една недела претходно, во Шпанија биле уапсени уште двајца осомничени членови на истата криминална организација, при што биле запленети дополнителни 3,7 тони дрога. Според португалските медиуми, организацијата има база на југот на Шпанија, дејствува во повеќе европски земји, а португалскиот брег го користела за истовар на големи количества кокаин.
Милошевиќ има 31 година, а фудбалската кариера ја градеше во Србија. Настапувал за Чукарички, ИМ Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ од Белград, но никогаш не успеал да направи поголема меѓународна кариера.