Мурињо доби одлични вести пред почетокот на сезоната
Родриго веќе подолго време е надвор од терените поради повреда, но шпански „АС“ пишува дека е забележан голем напредок и поради тоа Бразилецот е блиску до враќање на теренот.
Иако враќањето на теренот на бразилскиот фудбалер се очекуваше во јануари идната година, сепак Мурињо би можел да го очекува порано на теренот.
Родриго минатата сезона настапи на 27 меча, а постигна три голови и шест асистенции.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.