Брегалница сака нови три бода, Тиквеш ќе се „вади“ кај Скопје!
Наместо во Автокоманда, каде што уште не може да се игра прволигашки фудбал, екипата на Скопје на теренот на тренинг-центарот на ФФМ ќе го пречека Тиквеш, додека Брегалница под рефлектори ќе се соочи со Башкими.
Штипјани ја бркаат втората победа сезонава, а против Башкими има улога на голем фаворит. Кумановскиот тим по првите три кола е без бодови и без постигнат гол, со катастрофална гол-разлика од 0-12. „Сините“ сакаат да ја искористат домашната предност и да стигнат до нови три бода, па доколку тимот на Никола Кузманов го одигра натпреварот на посакуваното ниво, тешко е да се очекува Башкими да приреди изненадување.
„Пиратите“, пак, сè уште ја чекаат првата победа во сезоната, додека кавадарчани во Скопје ќе бараат враќање на победничките патеки по домашниот пораз од Шкендија Арачиново во минатото коло. Двете екипи имаат свои мотиви, па се очекува интересен дуел во Скопје.
ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО
ДЕНЕСКА
Скопје – Тиквеш (17 ч)
Брегалница – Башкими (19 ч)