Голем пресврт: Атлетико подготвен да го продаде Хулијан Алварез, но не во Барселона

Сагата околу иднината на Хулијан Алварез добива нов пресврт. Атлетико Мадрид, кој досега категорично одбиваше да ја разгледува можноста за продажба на аргентинскиот напаѓач, сега наводно е подготвен да го пушти клубот да го напушти – но под еден услов.

Според последните информации, мадридскиот клуб би се согласил на трансфер на Алварез во Арсенал, додека идејата за негово заминување во Барселона останува неприфатлива за раководството на „јорганџиите“.

Алварез веќе подолго време е во центарот на трансферните шпекулации. Аргентинецот јасно покажал дека Барселона е неговата посакувана дестинација, но Атлетико не сака да го засили директниот конкурент во Ла Лига. Каталонскиот гигант, пак, се соочува со финансиски ограничувања кои ја прават операцијата дополнително комплицирана. Од друга страна, Арсенал останува сериозно заинтересиран за 26-годишниот напаѓач. Според информациите, лондонскиот клуб дури разгледува можност за размена во која би бил вклучен Виктор Ѓокереш, што би можело да биде дел од обидот да се реализира трансферот.

Ситуацијата во Атлетико во моментов е далеку од идеална. Алварез не настапи на стартот на сезоната против Малага, а тренерот Диего Симеоне потврди дека напаѓачот е надвор од составот во услови на неизвесност околу неговата иднина. Атлетико сепак инсистира дека сака да го задржи играчот, додека самиот Алварез посакува промена на средината.

Сепак, аргентинскиот напаѓач и порано неколку пати посочи дека нема шанси да замине во друг клуб, освен Барселона и категорично ја отфрли можноста за премин во Арсенал кој цело лето е заинтересиран за него.