Германскиот клуб жестоко казнет поради навивачите, ќе плати над 300.000 евра!

Ајнтрахт Франкфрут ќе плати дури 341.500 евра поради инцидентот кој го предизвикаа навивачите на последниот меч од лигата против Штутгарт минатата сезона.

Дисциплинската комисија на Германскиот фудбалски сојуз донесе одлука за инцидентите кои се случија на 16 мај, а почнаа уште на почетокот на натпреварот.

Навивачите на Ајнтрахт запалија најмалку 25 димни бомби и 50 факели, а испалија и 20 ракети при што две лица беа повредени.

Франкфурт новата сезона во Бундеслигата ќе ја отвори на 29 август со гостување кај Унион Берлин.