Барса го налути Кансело, не сакаше да го претстави пред навивачите (ВИДЕО)

Жоао Кансело по истекот на позајмицата минатото лето, пред неколку дена се врати во Барселона, меѓутоа новиот мандат не му почна баш најдобро.

Имено, Барселона вечерва го игра натпреварот против Ал Ахли во рамките од трофејот „Жоан Гампер“, а Португалецот очигледно очекувал да биде претставен пред навивачите.

Кансело дури и бил подготвен во дресот со број два да излезе пред навивачите, меѓутоа во последен момент дознал дека нема официјално да биде најавен, веројатно затоа што и во минатата сезона играше за клубот.

Според неговата реакција, таквата одлука не ја прифати најдобро и бурно реагираше.