Младите одбојкарки на Македонија загубија од Романија на Зонските квалификации
Македонија имаше добар почеток и му парираше на ривалот до 9-9, по што следеше серија од Романија која стигна до 25-17 во првиот сет.
Македонските одбојкарки имаа предност од 18-17 во вториот сет, но потоа следеше пад во играта, а тоа го искористи Романија за да стигне до 25-20.
Романија го диктираше темпото во третиот сет и не ѝ дозволи на Македонија да стигне блиску до освојување на сетот.
Македонија утре во второто коло ќе се соочи против Белорусија од 14.30 часот.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија