Керик активира „бомба“: Јунајтед купува еден од најдобрите фудбалери на Брајтон
„Црвените ѓаволи“ утрово испратиле официјална понуда до Брајтон вредна повеќе од 75 милиони евра, но истата била одбиена од премиерлигашот.
Сепак, одбивањето на понудата не значи крај на преговорите. Напротив, Јунајтед веќе подготвува нова понуда со која сака да го затвори договорот во следните 24 до 48 часа.
Балеба е една од главните трансферни цели на Манчестер Јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ очигледно е подготвен да вложи сериозна сума за да го обезбеди потписот на 22-годишниот играч за врска.
Брајтон досега се покажа како тежок преговарач кога станува збор за своите најдобри фудбалери, па останува да се види колкава ќе биде новата понуда на Јунајтед.
Фото: Manchester United /Facebook