Ужас во Англија: Пронајдено безживотно тело на стадионот на познат клуб
Чарлтон го потврди инцидентот и откри дека полицијата била повикана на стадионот во раните утрински часови во понеделникот.
„Полицијата беше повикана на стадионот откако беше пронајдено телото. За жал, мажот е прогласен за мртов, а случајот е под истрага. Се молат сите кои имаат било какви информации да ја контактираат полицијата“, соопштија од клубот.
Идентитетот на лицето останува непознато, а засега не е познато како го загубил животот.