Семејството на загинатиот германски фудбалер во Црна Гора бара огромна отштета!

Семејството на германскиот фудбалер Себастијан Хертнер, кој загина во несреќа на 20 декември на Дурмитор, од Црна Гора бара отштета од пет милиони евра.

Црногорските медиуми пишуваат дека семејството Хернер добило отштета и од германско осигурително дружтво, а сега очекуваат ист потег и од државата каде што загина фудбалерот.

Освен материјална отштета, тие бараат од институциите да утврди одговорност за трагедијата бидејќи сè уште такво нешто не е утврдено по несреќата на 20 декември 2025 година.

Несреќата се сучила така што корпата од ски-лифтот, каде што бил фудбалерот, удрила во друга по што тој испаднал и настрада, додека неговат сопруга останала заглавена и се здобила со скршеници.

По ужасот на Дурмитор, веднаш беа почнати вонредни технички прегледи и инспекции, додека Обвинителството работи на случајот и го бара одговорниот за несреќата.

Фото: X/VfB Nachwuchs