Бугарите среде Скопје го постигнаа „најбугарскиот“ кош во историјата (ВИДЕО)

Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби од бугарските кошаркари со 62-101 во борбата за 13. место на Европското првенство (ЕП) во Б-дивизија, а натпреварот го одбележа и еден „бугарски кош“, односно кош постигнат со многу среќа.

Бугарите успеаја да постигнат кош каков што ретко се гледа, и тоа откако еден нивни кошаркар со многу среќа и на необичен начин успеа да го погоди кошот на Македонија.