Семејна драма: Сопругите се степаа, а селекторот на Египет заврши во болница (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е забележана во Египет откако се појави видео од тепачката меѓу двете сопруги на селекторот на египетската репрезентација, Хосам Хасан.

Според информациите од Египет, полицијата морала да интервенира за да спречи поголем хаос, а двете сопруги на Хасан се приведени.

Селекторот на Египет, кој бил присутен за време на тепачката, се онесвестил по што бил итно пренесен во болница.