Јувентус најде стопер, ќе го плати 22 милиони евра
Овој 28-годишен фудбалер пред четири години пристигна во Болоња од белгиски Гент, а извесно е дека летово ќе ја промени средината.
За него интерес покажаа и англиските клубови Нотингем Форест, Сандерленд и Њукасл, но најпримамлива за Лукуми е понудата на Јувентус.
Наводно, во Јувентус ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона, плус бонуси. Болоња, пак, од трансферот би требало да инкасира 20 милиони евра, плус уште два милиони евра на име бонуси.
Се очекува Лукуми во недела да пристигне во Торино на лекарски прегледи, по што треба да потпише договор со Јувентус до јуни 2031 година, наведуваат италијанските медиуми.