Мухаремовиќ блесна во Лидс - даде деби гол со „ножички“! (ВИДЕО)

Босанскиот репрезентативец, Тарик Мухаремовиќ на фантастичен начин го постигна својот прв гол во дресот на Лидс.

Фудбалерот кој беше на мета и на италијанските гиганти Интер и Јувентус избра кариерата да ја продолжи во Англија.

Во денешниот пријателски натпревар против Аугусбург, Мухаремовиќ стрелаше за водство од 2-0 на својот тим и тоа го направи атрактивно со „ножички“.