На херојот на БиХ му пропадна трансферот на животот!
Лукиќ паднал на медицинските прегледи, му откриле проблеми со срцето, по што египетскиот клуб одбил да го потпише договорот.
28-годишниот фудбалер е член на Клуж, романскиот клуб за него бараше три милиони евра.
За Лукиќ, покрај Пајраминдс, имаше интерес и од Саудиска Арабија, Бешикташ, Рен, Хофенхајм и Сент Паули, но понудата на египетскиот клуб беше убедливо најдобра и за клубот и за фудбалерот.
Лукиќ е херојот на БиХ, тој постигна гол на Светското првенство против Канада. Неговата трансфер вредност според „Трансфермаркт“ е 2,2 милиони евра.
Тешко дека ќе добие друга висока понуда во кариерата колку онаа од ФК Пајрамидс, нејасно е и дали ќе остане во Клуж или ќе замине ова лето.