Херојот на Шпанија почнува нова авантура, ПСЖ го потврди трансферот!
Брзо по завршувањето на Мундијалот, Феран Торес ја истакна желбата за заминување од Барселона откако на негова адреса стигна понуда од ПСЖ.
Францускиот клуб му понуди подобри услови и тој од денеска е нов фудбалер на ПСЖ.
„ПСЖ со задоволство може да го соопшти доаѓањето на Феран Торес. Шпанскиот напаѓач, светскиот шампион, потпиша со клубот до 2031 година и ќе го носи дресот со број девет“, стои во соопштението на ПСЖ.
ПСЖ за овој трансфер на Барселона ѝ плати 50 милиони евра.