Пример за транспарентност: Бешикташ објави детали од договорот со Влаховиќ!
Вообичаено клубовите објавуваат само дека фудбалерот потпишал, а сумите се дознаваат од медиумите. Овој пат не е така.
„Влаховиќ потпиша тригодишен договор кој почнува од сезоната 2026/27 и трае до крајот на сезоната 2028/29. На играчот за секоја сезона ќе му бидат исплаќани загарантирани 7.5 милиони евра“, стои во дел од соопштението на Бешикташ.
Влаховиќ во турскиот клуб ќе го носи дресот со број 28. Покрај платата, тој ќе добие и бонус за потпис.