Дориев ѝ донесе нова победа на Согдиана, овој пат со - асистенции!

Македонскиот фудбалер, Љупче Дориев, продолжува да блеска во првенството на Узбекистан, нашиот фудбалер е главен во својот тим, но и во лигата.

Согдиана славеше на гостувањето кај Термез со 3-1. Тие губеа со 1-0, кога на сцена стапи Дориев.

Тој почна да ги проигрува своите фудбалери, беше важен за сите три гола, а за последните два му се запишани асистенции.

Во минатото коло тој донесе победа со хет-трик. 

Дориев е убедливо најдобар играч во лигата со 12 голови и четири асистенции.