Илчо Ѓорѓиоски пуштен да се брани од слобода - дал гаранција од 500.000 евра!
Според информациите од Кривичниот суд, Ѓорѓиоски депонирал банкарска гаранција во висина од 500.000 евра, по што биле исполнети условите притворот да му биде заменет со поблаги мерки. Позитивно мислење за прифаќање на понудената гаранција и укинување на притворот дало и Обвинителството. Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини, како претседатели на ФФМ, потпишале вкупно 728 платни налози врз основа на документација подготвена од раководителката на Одделението за финансии и сметководство. Со исплатите за непостоечки услуги и стоки на Федерацијата ѝ е нанесена штета од околу 180 милиони денари
Со ваквата одлука, поранешниот прв човек на македонскиот фудбал во продолжението на постапката ќе се брани од слобода, со обврска да ги почитува определените мерки на претпазливост. Одлуката за Ѓорѓиоски доаѓа откако претходно од притвор беше пуштен и друг поранешен претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој понуди гаранција во вредност од повеќе од 1,15 милиони евра.