Зиркзе сакал да го промени стилот - ангажирал атрактивна стилистка! (ФОТО)

Холандскиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џошуа Зиркзе привлече внимание откако ангажираше стилистка за да му го среди гардероберот.

Станува збор за, Сидни Лачис која допатувала со авион во Манчестер, со задача од гардероберот на Зиркзе да ја исфрли облеката што повеќе не ја носи и да направи место за нови парчиња.

Целиот процес таа го документирала на „ТикТок“, во видео кое собра повеќе од 100.000 прегледи.

„Дојдете со мене да го исчистиме гардероберот на Џошуа Зиркзе“, стои во нејзината објава.

„Џошуа ме замоли да му помогнам да го реорганизира гардероберот, да направиме повеќе простор за нови работи и сè да биде уредно наредено“, објаснила стилистката.

Таа добила задача да го испразни големиот гардеробер на фудбалерот. Ја издвоилa целата облека што Зиркзе повеќе не ја носи или никогаш не ја облекол, со цел да ослободи простор за нови комбинации.

Поквалитетните парчиња стилистката планира да ги продаде во негово име, додека останатата облека ќе биде донирана во добротворни цели.

На видеото се гледа како стилистката поминува низ огромната количина облека, меѓу која има и дизајнерски дуксери, и одлучува што останува, а што оди на продажба или донација.

Облеката на крајот била сортирана и по бои, па гардероберот останал во беспрекорна состојба. Празните закачалки сега се подготвени за новите комбинации на Зиркзе пред почетокот на новата сезона.