Каземиро му се поклони на Меси: Никогаш во животот не сум видел нешто вакво!
Бразилецот не штедеше пофални зборови за аргентинската суперѕвезда.
„Тој е пример. Сигурен сум дека минува низ многу тежок период, но имаше обврска не само кон фудбалерите, туку и кон клубот. Тоа што го направи е неверојатно. Никогаш во животот не сум видел нешто вакво“, изјави Каземиро.
Меси неодамна остана без својот татко Хорхе, човекот кој практично целата кариера беше покрај него, му беше агент и се грижеше за неговите деловни интереси. И покрај огромната семејна загуба, Аргентинецот по погребот се упатил кон САД за повторно да му се стави на располагање на Интер Мајами.
„Единственото што треба да го направиме е да му се заблагодариме што е тука“, додаде Каземиро.
Бразилскиот ветеран потенцираше дека токму ваквиот однос кон фудбалот и обврските е една од причините поради кои Меси има статус на легенда.
„Тоа е една од причините поради кои е толку голем. Тој е еден од најдобрите во историјата, ако не и најдобриот“, порача Каземиро.
Неговите зборови добиваат дополнителна тежина ако се знае дека Каземиро со години ја делеше соблекувалната со Кристијано Роналдо во Реал Мадрид и заедно со Португалецот освои голем број трофеи. Доаѓањето на Меси, сепак, не му помогна на Интер Мајами, кој загуби на гостувањето кај мексиканскиот тим Леон (2-3) и испадна од Лига купот на КОНКАКАФ.