По две ипол децении пауза: Американско финале на мастерсот во Монтреал!
Шелтон го обезбеди местото во финалето со убедливата победа против сонародникот Лернер Тиен со 6-2, 6-3. Бранителот на титулата од самиот почеток го наметна својот ритам и не му дозволи на противникот посериозно да му се закани. Направи неколку клучни брејка и практично во текот на целиот меч ја имаше контролата врз резултатот. Драма имаше во вториот сет кога Шелтон незгодно падна и удри во оградата зад основната линија. Поради крвавење на левиот лакт и повреда на прстите мораше да добие лекарска помош, но потоа го продолжи мечот и без поголеми проблеми ја доврши работата.
Негов противник во финалето ќе биде Накашима, кој го елиминира 19-годишниот Шпанец Рафаел Ходар со 7-6, 6-4 и првпат во кариерата обезбеди пласман во финале на еден мастерс. Особено драматичен беше последниот гем. Ходар спаси дури четири меч-топки, но Накашима петтата ја реализира со ас и по два часа игра го завери најголемиот успех во досегашната кариера.
Финалето носи и интересна традиција на страната на Шелтон. Тој има перфектни 5-0 во меѓусебните пресметки со Накашима, а го совлада и на истиот турнир минатата година. Шелтон воедно ќе се обиде да стигне до четвртиот трофеј сезонава. Американецот годинава веќе освојуваше титули на три различни подлоги – на тврда во Далас, на земја во Минхен и на трева во Штутгарт.