Екс младински репрезентативец на Македонија ќе игра во Индонезија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Јевтовски ја продолжува кариерата во Индинезија каде што ќе игра за тимот на ПСМ Макасар.

Изминатата сезона Јевтовски ја помина во Струга со која се раздели откако му истече договорот, а сега се одлучи за нов ангажман надвор од Македонија.

Претходни низ кариерата Јевтовски беше дел уште од: Вараждин во Хрватска, Локо Пловдив во Бугарија, Ујпешт во Унгарија и Арсенал Киев во Украина.

Во македонскиот фудбал настапуваше и за Работнички и Металург каде што ја почна кариерата.