Падна договор: Влаховиќ има нов клуб - познати се деталите!

Крај на сагата за иднината на Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач има нов клуб, наскоро ќе стави потпис на договорот и ќе почне нова станица во неговата кариера.

Влаховиќ ќе биде нов напаѓач на Бешикташ. Турскиот клуб се договори со Србинот кој во текот на денот ќе лета кон Истанбул за да ги заврши формалностите и да го потпише договорот.

Договорот е со трајност до јуни 2029 година. Влаховиќ само за потпис ќе добие околу 20 милиони евра.

Според дел од медиумите, неговата годишна плата ќе биде околу осум милиони евра.