Тиквеш договори француски ракометар: Шамал се пресели во Кавадарци!

ГРК Тиквеш 2014 продолжува со засилувањата на тимот пред почетокот на новата сезона, а најново име во кавадаречкиот клуб е Абделах Шамал.

Францускиот ракометар игра на позицијата десно крило, а кариерата ја градеше во Франција, каде што беше дел од младинските категории на Ница, а потоа настапуваше и за Сен Рафаел Вар.

Шамал треба да донесе дополнителен квалитет во составот на кавадаречкиот тим во борбата за повисок пласман следната сезона.