Македонија со триумф над Израел го освои 9. место на ЕП до 18 години!
Првото полувреме донесе динамична игра со многу голови, а Израел на паузата замина со еден гол предност (20-19).
Македонските надежи се разбудија во вториот дел кога ја преземаа контролата врз натпреварот и остварија убедлива победа над Израел со 39-29.
Најефикасни во македонскиот тим беа Ѓоргиевски и Дамчевски со по осум голови.
Фото: РФМ