Ракометните надежи се борат за 9. место на ЕП - да падне и Израел!
По трите порази во групната фаза во кои покажавме квалитет и рамноправно париравме на противниците, македонските млади ракометари врзаа четири победи во мечевите за пласман на Европското првенство кое се игра во Белград.
Македонија дојде до позиција да се бори за 9. место на шампионатот, а за таа цел треба да го победи Израел. Селекција која ја познаваме од училишното првенство кое се играше во Скопје. Тогаш нашите момчија победија.
Без разлика на резултатот од денешниот натпревар, овие ракометари покажаа дека и во наредните години ракометот ќе биде спорт број еден во Македонија.
Натпреварот меѓу Македонија и Израел може да го следите на Арена М3 Премиум.