Емотивен момент во Мајами: Де Пол постигна еврогол и му го посвети на Меси (ВИДЕО)

Родриго Де Пол испрати силна порака до својот сонародник и пријател Лионел Меси во натпреварот меѓу Интер Мајами и Монтереј во рамките на Купот на Лигите.

Аргентинскиот фудбалер во 32. минута постигна прекрасен гол од далечина, шутирајќи од околу 20 метри и погодувајќи го долниот агол од голот.

Но, вниманието веднаш по погодокот го привлече неговата прослава. Де Пол го соблече својот дрес, под кој носеше уште еден со легендарната „десетка“ и името на Меси. На тој начин, Де Пол му го посвети голот на својот сонародник, кој не настапи на натпреварот поради смртта на неговиот татко, Хорхе Меси.

 

 

Емотивниот гест беше поздравен со долг аплауз од трибините, а Де Пол уште еднаш покажа колку е силна неговата врска со Лео. Иако Интер Мајами поведе, домашниот тим не успеа да ја задржи предноста. Монтереј направи пресврт со головите на Уго Кујперс и Диего Роси и стигна до победа.

Купот на Лигите е натпреварување во кое учествуваат клубови од САД, Мексико и Канада.