Рашфорд ужива со шест жени на јахта во Сен Тропе (ФОТО)

Маркус Рашфорд привлече големо внимание во јавноста со фотографии од одморот во Сен Тропе, каде што напаѓачот на Манчестер јунајтед е забележан со шест жени на јахта.

Фудбалерот користи пауза за одмор од напорната сезона, а фотографиите покажуваат дека не е премногу загрижен за неговата иднина.

Минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона, а најверојатно во новата сезона ќе добие шанса кај „ѓаволите“.

Фото: Facebook/FC Barcelona