Убедлив пораз на македонските кадети, Хрватска е пресилна за нас

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години го доживеа вториот пораз на Европското првенство Б-дивизија на кое ние сме домаќини, овојпат загубивме од Хрватска со 57-112.

Македонските кошаркари беа пристојни во првото полувреме иако и во него Хрватите беа подобар противник, на одморот се замина со предност за противникот од 46-33.

Во второто полувреме беше многу полошо за нас, Хрватска немаше милост, го полнеше нашиот кош до конечни 112-57 за нив.

И овојпат Дион Шабани беше најефикасен во нашата репрезентација, мечот го заврши со 16 поени и осум скокови. Котевски реализираше десет.

Македонија утре има слободен ден, а во понеделник од 18:30 часот играме против Швајцарија.