Аморим уште сонува прва победа: Челси го растури Милан во Џакарта (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси убедливо го совладаа Милан (3-0) во претпоследниот подготвителен натпревар од летната турнеја, одигран на стадионот „Гелора Бунг Карно“ во Џакарта.

Лондонскиот тим остави далеку подобар впечаток и заслужено дојде до убедлив триумф, а отпорот на „росонерите“ првпат беше скршен во судиското продолжение од првото полувреме. Жоао Педро погоди во 45+2. минута и му донесе водство на Челси. Само што почна вториот дел, истиот фудбалер повторно ја затресе мрежата и зголеми на 2-0, а четири минути подоцна Мојсес Каиседо со атрактивен волеј ги постави конечните 3-0. Челси и по третиот погодок продолжи да доминира и да создава шанси, а во два наврати ја погоди и рамката од голот на италијанскиот тим.

Лука Модриќ беше стартер за Милан и на теренот ги мина планираните 45 минути, по што на полувремето беше заменет со младиот Ардон Јашари. Ниту промените во составот, сепак, не му помогнаа на Милан да го промени текот на натпреварот. Ова беше трет пријателски меч зановиот тренер на „росонерите“, Аморим, кој се уште го чека првиот триумф со оглед на двете нерешени средби одиграно претходно против Селтик (2-2) односно Интер (1-1).