Англиски репрезентативец претепал маж во ноќен клуб и ќе заврши на суд!

Напаѓачот на саудиски Ал-Ахли и англиски репрезентативец, Иван Тони ќе мора да оди на суд во Лондон поради инцидент во ноќен клуб, кој се случил на 6 декември минатата година.

Англиските медиуми пишуваат дека Тони претепал едно лице во ноќниот клуб, кое се здобило со повреди и случајот го пријавило во полиција.

Тони на 24 септември ќе се појави пред суд, каде што ќе има можност да одговори на обвинувањата со кои се соочува.

Неговиот портпарол соопшти дека англискиот фудбалер е запознаен со случајот и порача дека Тони ќе негира одговорност за инцидентот.