Трагедија на фудбалски натпревар: Гром усмрти 24-годишен фудбалер (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Во моментот кога над стадионот беснеело силно невреме, гром удрил директно на теренот, предизвикувајќи паника меѓу играчите и гледачите. Авае, кој настапувал за Јала ФК, бил најблиску до местото на ударот и се здобил со тешки повреди. И покрај брзата реакција на медицинските екипи и итниот транспорт во болница, лекарите не успеале да му го спасат животот.
Освен трагично загинатиот фудбалер, уште најмалку девет лица се здобиле со повреди и изгореници како последица на ударот од гром и биле пренесени на лекување. Локалните власти потврдија дека сите повредени добиле медицинска помош и се надвор од животна опасност.
Снимката од трагичниот настан брзо се прошири на социјалните мрежи и повторно ја отвори дебатата за безбедносните протоколи при играње спортски натпревари во услови на невреме. Југоисточна Азија во моментов се наоѓа во сезоната на монсунски дождови, кога грмежите и ударите од гром се честа појава.