Манчестер Сити експресно најде наследник на Родри
Неизвесната иднина на Родри, кој е сѐ поблиску до трансфер во Барселона, ги натера „граѓаните“ да почнат потрага по негова замена. Италијанскиот стратег смета дека аргентинскиот репрезентативец е идеалниот профил за да ја преземе улогата во средниот ред на шампионот на Англија. Мареска и Фернандез веќе соработуваа во Челси, каде што италијанскиот тренер имаше голема доверба во аргентинскиот фудбалер. Токму поради тоа, Енцо е означен како „сонувано засилување“ доколку Родри навистина го напушти „Етихад“.
Сепак, реализацијата на ваков трансфер нема да биде едноставна. Челси го смета Фернандез за еден од клучните играчи во тимот и нема намера лесно да го продаде, особено не на директен ривал од Премиер лигата. Дополнително, Аргентинецот има долгорочен договор со лондонскиот клуб до 2032 година, што значително ја зголемува неговата цена. Додека трае неизвесноста околу Родри, Манчестер Сити паралелно работи и на други опции за засилување на средниот ред, но Фернандез останува првиот избор на Мареска.
Доколку Барселона успее да го доведе шпанскиот репрезентативец, „граѓаните“ би можеле да започнат офанзива за еден од најдобрите играчи на Челси.