Челси ја договори замената за Кукуреља, ќе плати 19 милиони евра плус бонуси!

Светскиот клупски шампион Челси продолжува со засилувањата за новата сезона, па така потврди договор со уште еден фудбалер во летниот преоден рок, а станува збор за Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано.

Левиот бек ќе потпише долгорочен договор со „сините“, додека Челси ќе треба да му плати 19 милиони евра плус два милиони евра на Рајо Валјекано за трансферот.

Двете екипи наскоро треба да ги потпишат документите, по што Чаварија ќе биде промовиран како нов лев бек во премиерлигашот.