Родри му се јавил на Реал и му ја соопштил одлуката!

Реал Мадрид денеска го потврди Јан Диоманде како ново засилување и продолжувањето на договорот со Винисиус, но кралскиот клуб се чини дека ја загуби битката за Родри и тоа од ривалот Барселона.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид не му е лут на Родри поради одлуката да се пресели во Барселона.

Тој му се јавил на Реал Мадрид и официјално им соопштил на луѓето од клубот дека ја одбрал Барселона.

Родри им ги објаснил причините за одлуката, а добил комплетно разбирање од клубот.

Реал Мадрид му посакал се најдобро во иднина на Родри.